snegpat

Ќе падне ли снег за Нова година?

Во декември, почнува астрономската зима, така што декември има карактеристика на типичен зимски месец. Доминираат облачни и магливи денови. Сонцето свети околу 55-65 часа.

Во декември, деновите се најкратки во годината. 1 декември 2017 има времетраење од 9 часа и 17 минути. Најмалиот ден од годината е 21 декември, а неговото времетраење е 9 часа и 2 минути. Од овој датум, траењето на денот започнува да се зголемува. Астрономската зима започнува на 21.12.2017 година.

Во декември 2017, температурата се очекува да биде околу нормалната, а месечните вредности на врнежите, пониски од нормалните за овој период на годината.

А многу облачно време, придружено со густа магла, ќе преовладува во декември. 14-22 дена ќе бидат мрачни, сонцето ќе блесне околу 5-7 дена, а врнежите ќе бидат 5-9 дена.

Видете следно

pimen

Отец Пимен испрати силна порака по повод големиот празник Прочка

Отец Пимен во предвечерието на големиот празник синоќа порача: – О ти човеку што држиш …