13/12/2017
FRANCE-FINANCE-ECONOMY-FOREX-EURO-DOLLAR

Ќе растат каматите на кредитите?

Народната банка регистрира “бетонирани” камати за кредитите, дел од банкарите највувата дека “ерата” на евтини пари завршува. Пресудна за банкарството ќе биде следната 2018 година, кога се очекува раст на каматите на светско ниво – тренд на кој нема да остане имуна ниту Македонија, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Во осмиот месец од годинава Народната банка регистрираше пораст кај вкупната кредитна изложеност и депозитната база на банките, во споредба со август, има забавување на кредитирањето на фирми, додека раст има кај кредитирањето на население.

Раст на кредитите за население, намалување за фирмите..

Незначително намалување на каматите за новоодобрените кредити за фирмите, додека за веќе одборените кредити на корпоративниот сектор висната на каматата е непроменета. Овој тренд во банкарството го регистрираше Народната банка од каде посочуваат дека во осмиот месец од годинава, главно каматите и за кредитите и за депозитите се “бетонирани”.

“Каматните стапки и на кредитите и на депозитите во август годинава не забележуваат промена во однос на претходниот месец. Тие се задржаа на ниво од 5,9 отсто кај кредитите и 1,5 отсто кај депозитите, објави Народна банка на РМ. Кај новоодобрените кредити просечната каматна стапка во август изнесувала 5,2 проценти при што е забележана надолна месечна промена од 0,2 процентни поени, Каматната стапка кај вкупните кредити на корпоративниот сектор во август е без промена на месечно ниво и изнесува 5,4 процент, но на годишна основа кај оваа каматна стапка е забележан пад за 0,7 проценти поени” – велат од НБМ.

И дел од банкарите потврдуваат дека засега нема значајни промени во каматната политика.

“Во изминаиот период немаше услови за корекција на каматните стапки во надолна линија. Се соочивме со тренд на забавување на побарувачката на кредити, особено кај корпоративниот скетор а воздржаност беше забележлива и кај неселението. Како причина секако е неизвесноста од политичката криза која го обои и првото економско полугодие. Замајќи ги предвид овие движења, услови за позначајна корекција на каматите немаше” – коментираат за “Порталб” од една од водечките банкарски групации во земјава.

Видете следно

germanijaizvoz

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – октомври 2017 година бележи пораст од 16.0 %

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од …