17/10/2017
Upraven odbor 12

Ќе се финансираат нови проекти за образовна инклузија на децата Роми

Управниот одбор на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“, на вториот состанок, разговараше за приоритетите на грантовата шема преку која ќе финансираат локални граѓански организации. Проектот го спроведуваат организациите Ромски Ресурсен Центар и КМОП од Атина, Грција.

Во Управниот одбор членуваат претставници од клучни министерства (Министерствоза труд и социјална политика и Министерство за образование), претставници од граѓански организации и претставник од Европската Делегација. Тие ги разгледаа приоритетите, дадоа свои забелешки и ќе го следат равојот на клучните документи во следниот период. Она што е утврдено на состанокот е, кон веќе утврдените проблеми, да се додаде и вклучувањето на децата Роми без попреченост во специјалните училишта.

„Со реализација на грантовата шема за граѓанските организации ќе се работи на имплементација на приоритетите кои се утврдени од анализите за мапа на ромската заедница и мапа на граѓанскиот сектор во Македонија. Особено е важно да се напомене дека грантовата шема ќе биде насочена кон унапредување на инклузијата на децата Роми во образовниот систем на локално ниво“, вели Себихан Демировски, програмски менаџер во Ромскиот Ресурсен Центар, кој го реализира проектот заедно со грчката организација КМОП. Според Марија Самарџиоска, директор во КМОП Скопје, грантовата шема ќе овозможи градење на капацитетите на локалните граѓански организации преку континиурана поддршка во процесот на имплементација на иницијативите. Таа објасни дека содржината на активностите зависи од локалните граѓански организации, но се очекува да се работи на зајакнување на инклузивното образование, ќе се преземаат акции против стереотипите и дискриминацијата, зголемување на бројот на стипендии за децата Роми од страна на локалните или националните институции, бизнис секторот или други организации, иницијативи за реинтеграција на децата со нарушено образование и секако, зголемување на свесноста кај родителите за важноста од образование.

Повикот за апликации ќе биде објавен во средината на ноември на веб страната на проектот, социјални медиуми и ќе бидат организириани инфо средби на кои подетално ќе се споделат критериумите, приоритетните области и процесот на аплицирање кој ќе треба да го следат локалните граѓански организации.

Видете следно

vmrodpmne

Промена во врвот на ВМРО-ДПМНЕ?!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по синоќешните резултати изјави дека како претседател на партијата, ја …