17/01/2018
kasino

Кипар ќе го гради најголемото казино во Европа

Кипар ќе се здобие со еден од најголемите казино комплекси во Европа, од кој се очекува годишно во економијата да се влеваат 838 милиони долари, почнувајќи од 2022 година, односно од втората година од работењето, објави Асошиетед прес.

Според зборовите на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис оваа сума претставува околу 4 отсто од економијата на земјата.

“Целта на нашата влада е создавање на сеопфатен казино комплекс, кој ќе биде врв во Европа и еден од најдобрите во целиот свет”, рече Анастасиадис на претставувањето на комплексот во вредност од 658 милиони долари.

Се очекува City of Dreams Mediterranean casino resort да создаде околу 4.000 работни места во градежништвото и да назначи постојан персонал од 2.500 вработени. Прогнозата е дека таа ќе привлече дополнителни 300.000 туристи годишно од Европа и други места.

Комплексот ќе биде изграден од конзорциум од Melco Resorts и Entertainment и Cyprus Phassouri Ltd. Според Мелко, ова ќе биде најголемиот казински комплекс во Европа.

Тој ќе вклучува 136 играни маси и 1.200 слот машини, хотел со пет ѕвездички со 500 соби, 11 ресторани и кафулиња и Експо Центар. Само лицата со возраст над 21 година ќе можат да присуствуваат.

Видете следно

Sredba Silegov Bandik (4)

Шилегов оствари работна средба со градоначалникот на Загреб: Загрепски сообраќајни експерти наскоро во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, деновиве е во официјална посета на Загреб, Република Хрватска, каде …