Кои ќе бидат инструкторите на ЛИДЕР Проект 2017


Farah Kurji MBA

farahkurjiФара Курџи е Извршен Директор на Лидер проектот и е MBA студент на Ivey Business School. Работела во Hill+Knowlton Strategies каде што управувала со програмите за маректинг и комуникации на разни клиенти, од компании кои се дел од FORTUNE 500, до непрофитни организации.

Претходно, таа работела како одговорна за односи со јавноста на Roshan, кој претставува водечки телекомуникациски пројавдер на Авганистан.

Во слободно време, Фара ужива да патува во нови земји и да искусува нови култури, да чита и да волонтира во својата заедница.

Chanakya_GuptaChanakya Gupta, MBA

Чанакја Гупта е инжинер и искусен лидер во бизнисот. Тој бил дел од водечки капитални и браунфилд проекти во индустриите на нафта и гас, метали и рударство, наноматеријали и храна и пијалоци. Меѓу другото Чанакја е активен член во стартап заедницата во Канада преку неговото редовно учество во технолошкиот инкубатор Velocity, како и преку учеството во WORLD Discoveries во Лондон, Канада.

Чанакја дипломирал на правецот Мехатроничко инжинерство на Универзитетот Ватерлу, но исто така стекнал степен во менаџерската наука.

Во овој момент Чанакја работи на магистерските студии по деловна администрација на школото за бизнис Ричард Ајви при универзитетот Вестерн.

Видете следно

До десет илјади евра неповратни средства за младите земјоделци преку Програмата за рурален развој

Сите млади земјоделци кои имаат до 40 години и  се запишани во Единствениот регистар на …