13/12/2017
13133373_878142488974270_2642874167501756130_n

Кои ќе бидат инструкторите на ЛИДЕР Проект 2017

Alison Morin, MBA

Alison_MorinАлисон е израсната во фамилија претприемачи каде била воведена во бизнис амбиентот и бизнис одлуките уште многу рано во животот. Таа била инспирирана од тоа како функционира бизнис светот, па поради тоа таа одлучила да заврши високо образование во областа на бизнис администрација на “Wilfrid Laurier University” со цел да ja зацврсти нејзината моќ на одлучување во бизнис сферата.

Алисон 3 години работела во корпорацијата “Canadian Tire”. Таа започнала како асистент за набавки а потоа била унапредена во функцијата внатрешен консултант.

Алисон била импресионирана од компанијата поради нејзината крос – функционална и претприемачка природа, па затоа пројавила интерес да го прошири нејзиното знаење односно да направи влијание врз различните индустрии и организации па така одлучува да се запише на постдипломски студии на “Ivey Business School”.

По завршувањето на нејзините постдипломски студии, Алисон ќе се приклучи на “Partners in Performance” која е фирма за менаџмент консалтинг во Австралија

Flaviu Dobrescu, MBA

Flaviu_DobrescuФлавиу е консултант за менаџмент во Accenture, компанија која соработува со извршни тимови во повеќе индустрии, со цел да им помогне во развивање на стратегија за големи трансформации во работењето. Флавиу специјализира во бизнис модели за раст на дигитални еко-системи, како и во областа на дизајн и развој на искуството на корисниците.

Тој има завршено додипломски студии со почести и постдипломски студии на Ivey Business School, како и додипломски студии на Школото за медицински науки при Шулих. Покрај професијата, Флавиу се занимава со фотографија, нуракње, пешачење, јога и дизајн на ентериери.

Видете следно

Martinki 5

Мартинките станаа светско културно наследство

„Културните обичаи поврзани со прославувањето на 1 Mарт – Мартинки“ станаа дел од светското нематеријално …