17/10/2017
germanskoselo

Кои професии заработуваат најмалку, а кои најмногу во Германија

Според податоците на германскиот економски весник Wirtschaftswoche постојат големи разлики во просечните месечни плати во Германија. Ова се должи најмногу на секторот во кој работи работникот. Германското издание пишува дека разликата во средното месечно плаќање на вработените достигнува неколку илјади евра.

Податоците покажуваат дека најмалку во Германија заработуваат вработените кои работат во областа на личните услуги во фризерските салон или салоните со перење.

Податоците за просечната месечна плата во Германија се објавуваат по повод одговорот на федералната влада на барање во парламентот на пратеничкиот претставник на левичарската партија Сабине Цимерман.

Во долниот раб на скалата на приходи се вработените кои работат со хемиско чистење, салони за убавина, погребалните домови, сауна, солариум и бањите. Кај нив просечната плата е 1672 евра бруто месечно.

Следува персоналот кој работи во коцкарниците и обложувалниците кој добиваат во просек по 1676 евра месечно, вработените во приватните домаќинства со 1707 евра и вработените кои работат на размена и обезбедување на персонал кој добиваат по 1758 евра просечно месечно.

Според податоците на Wirtschaftswoche најдобро платените вработени во Германија се оние кои работат во секторот на нафта и природен гас, а исто така и при рафинирање на нафта. Тие добиваат просечна месечна плата во износ од 5200 евра, што е околу 3 пати повисока плата во споредба со најниските плати.

Од германското издание прецизираат дека вработените на осигурителни и пензиските друштва исто така уживаат добри средни месечни плати, кои достигнуваат 4 853 евра.

Видете следно

kravifarma

АФПЗРР: Производителите на млеко и јајца до 5 ноември да поднесат барања за субвенции

На 5 ноември истекува рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено …