25/03/2017
kompanii

Кои се 25-те најбогати компании во светот

Во корпоративниот свет се уште никој не може да ги надмине технолошките гиганти Apple, Google и Microsoft во однос на вредноста на нивните брендови. Трите компании ја предводат листата на Forbes за најскапите брендови во светот за 2016 година

Технолошките гиганти сепак остануваат далеку назад, што се однесува до обртот. Најбогатата компанија за 2015 година по приходи нема никаква врска со технолошкиот сектор. Тоа е американскиот синџир за трговија Wal-Mart Stores која заработила 485,65 милијарди долари за минатата година.

Статистичкиот онлајн портал Statista покажуваат дека лидер на приходи е нафтената индустрија, a шест од десетте најбогати корпорации се од овој сектор.

Веднаш по Wal-Mart по приходи се кинеската хемиска и нафтена корпорација Sinopec, а по неа се Royal Dutch Shell, PetroChina, Exxon Mobil, British Petroleum и Total.

Во топ 10 место наоѓаат уште лидерите во автомобилската индустрија Toyota Motor и Volkswagen.

Дури на 12-то и 13-то место на листата се технолошките гиганти Samsung и Apple. Еве и кои се другите корпорации кои се рангираат меѓу 25-те најбогати компании по приходи:

Компании Приходи во милијарди долари
Wal-Mart Stores 485.65
Sinopec 433.31
Royal Dutch Shell 385.63
PetroChina 367.85
Exxon Mobil 364.76
BP 334.61
Toyota Motor 248.95
Volkswagen 244.81
Glencore 209.22
Total 194.16
Chevron 191.76
Samsung Electronics 188.48
Apple 182.8
Phillips 66 161.21
Daimler 157.04
General Motors 155.93
General Electric 148.59
Ford Motor 144.08
Petrobras 143.35
CVS Caremark 139.37
McKesson 137.61
E On 134.89
Hon Hai Precision Industry 133.18
Eni 132.83
AT&T

Видете следно

3S3A0073

Кој го доби признанието за најдобар експонат, кујна, во категоријата производители на овогодинешниот Саем на мебел

На овогодинешниот Саем на мебел Jumis Luxury доби признание за најдобар експонат, кујна, во категоријата …