Кои се деловните тенденции во преработувачката индустрија за април 2017 година


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април 2017 година е за 0,1 процентен поен понизок во однос на претходниот месец, а во однос на април 2016 година е зголемен за 2.6 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2017, во однос на март 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени во однос на претходниот месец.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2017 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на април 2016 година. Се очекува бројот на вработени да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2017 година изнесува 64.6% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23.8%, недоволната домашна побарувачка со 18.3%, недостигот на квалификувана работна сила со 16.4% и неизвесното економско опкружување со 12.4%.

Видете следно

Заев: Во јуни очекувам датум за почеток на преговорите со ЕУ

Денеска Премиерот Заев за Извештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања во Собранието на …