Кои се економските сметки за материјалните текови во Република Македонија


Државниот завод за статистика за првпат објавува резултати од пресметувањето на економските сметки за материјалните текови во Република Македонија.

Економските сметки за материјалните текови се еден од физичките модули на програмата на Евростат за економски сметки во животната средина.

Во соопштението се прикажани економските сметки за материјалните текови што опфаќаат домашни искористени ресурси, трговски биланс во физички единици: увоз – за вкупна трговија, извоз – за вкупна трговија, директни материјални суровини и домашна потрошувачка на материјали.

Домашни искористени ресурси

Во 2015 година се искористени 15 626 илјади тони домашни ресурси.

Директни материјални суровини

Индикаторот за директни материјални суровини го мери директниот влез на материјали за користење во економијата (биомаса, фосилни горива, минерали и др.).

Во 2015 година, директните материјални суровини изнесуваат 21 770 илјади тони, што е за 29 илјади тони повеќе отколку во 2014 година. Најголемо учество во директните материјални суровини во 2015 година имаат материјалите за фосилна енергија, сурови и преработени (33.8%).

Домашна потрошувачка на материјали

Во 2015 година, домашната потрошувачка на материјали e 19 230 илјади тони, што е за 41 илјада тони повеќе во споредба со 2014 година.

Трговски биланс во физички единици

Во 2015 година, трговскиот биланс е 3 604 илјади тони, што е за 188 илјади тони повеќе отколку во 2014 година.

Видете следно

Трамп го загрозува целиот свет со повеќе царински давачки

Доналд Трамп се закани со дополнителни мерки во трговските земји кои не се ослободуваат од …