23/06/2017
etiopija

Кои се најрелигиозните држави во светот

Одбележувањето на Велигден често е повод да се запрашаме колку е силна нашата вера и дали верските празници не се повеќе повод за седење околу трпеза.

Покрај празниците, Галуп го претстави глобалното истражување за најдобрите религиозните држави во светот, базирано на студии на агенцијата од 2008, 2009 и 2015 година.

Пет земји расправаат за првото место. И во петте држави 99% од населението покажува дека е религиозно. Тоа се Етиопија, Малави, Нигер, Шри Ланка и Јемен, пишува денеска британскиот весник Телеграф.

Во уште 4 држави пак одговорот е со 98% “да” – Бурунди, Џибути, Мавританија и Сомалија.

Еве и кои се 20-те најрелигиозни држави, според анкетите:

1. Етиопија – 99%
2. Малави – 99%
3. Нигер – 99%
4. Шри Ланка – 99%
5. Јемен – 99%
6. Бурунди – 98%
7. Џибути – 98%
8. Мавританија – 98%
9. Сомалија – 98%
10. Авганистан – 97%
11. Комори – 97%
12. Египет – 97%
13. Гвинеја – 97%
14. Лаос – 97%
15. Мјанмар – 97%
16. Камбоџа – 96%
17. Камерун – 96%
18. Јордан – 96%
19. Сенегал – 96%
20. Чад – 95%

Уште 6 држави се со 95% одговор “да” – Гана, Мали, Катар, Конго, Руанда и Замбија.

Видете следно

irena

Пратеничката Ирена Стефоска на работа до Собранието доаѓа со велосипед (Фото)

Пратеничката од СДСМ, Ирена Стефоска на работа до Собранието доаѓа со велосипед. Стефоска е Доктор …