17/10/2017
gradonacalnici

Кој е најбогатиот кандидат за градоначалник во Македонија

Македонската листа на најбогатите кандидати, изработена од МЦМС ја предводи актуелниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, кој е и кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за овие избори. Неговиот имот има вкупна вредност од 3 ипол милиони евра. Од тие, 3 милиони евра земал на кредит. Има сопственички удел во фирми од 363 илјади евра. Заедно со сопругата поседуваат две куќи во Кочани во вредност од 20 илјади евра и земјиште вредно 16 илјади евра.

Ратко Димитровски е роден на 14 април 1956 година, во Делчево. Своето основно и средно образование го завршил во родното место, додека студиите ги продолжил надвор од границите на државата. Вишата и високата стручна подготовка и звањето дипломиран графички инженер ги стекнува во Загреб, Хрватска. Димитровски е еден од првите графички инженери во Р. Македонија и денес е еден од врвните графички стручњаци во државава.

Од 1977 до 1990 година работи во печатницата „Младост“ во Кочани, а потоа кариерата ја продолжува во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, каде што работи до 1992 година и се стекнува со големо искуство.

Во 1990 година ја основа печатницата „Европа 92“ во Кочани, која почнувајќи од единствена линија за производство на компјутерски формулари, со следење на новите текови на графичката индустрија, денес важи за најсовремена и најопремена печатница во Македонија и пошироко во регионот.

Видете следно

vmrodpmne

Погледнете колку пари потрошиле од ВМРО-ДПМНЕ до сега за изборите

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ потрошила најмногу пари во првите 10 дена од кампањата за локалните избори, покажа …