23/06/2017
filipini

Кој е највлијателен човек во светот?

Претседателот на Филипините Родриго Дутерте беше избран за највлијателниот човек во светот во 2017 година, покажува годишната анкета на TIME во која читателите на весникот даваат предлози за луѓето кои треба да присуствуваат во листата на највлијателните луѓе во светот – 2017 TIME 100.

Дутерте доби 5% од гласовите на читателите во анкетата која заврши во неделата вечерта. Од преземањето на функцијата во јуни, претседателот на Филипините води жестока борба со зависниците од дрога и според податоците на Reuters оттогаш досега се убиени над 8.000 лица, поврзани со трговијата со дрога.

Неговата кампања за борба против дрогата доведе до зголемување на отпор од страна на организациите за човекови права и некои политички лидери, меѓу кои и потпретседателот на Филипините Лени Робердо.

По Родриго Дутерте во топ 100 листата на TIME се редат Џастин Триодо, папата Францис, Бил Гејтс и Марк Цукерберг, кои добиле по 3% од гласовите на учесниците во анкетата.

Минатата година највлијателна личност беше американскиот сенатор Берни Сандерс, а во 2015 година листата беше предводена од рускиот претседател Владимир Путин.

Официјалната листа TIME 100 ќе биде објавена на 20 април.

Видете следно

irena

Пратеничката Ирена Стефоска на работа до Собранието доаѓа со велосипед (Фото)

Пратеничката од СДСМ, Ирена Стефоска на работа до Собранието доаѓа со велосипед. Стефоска е Доктор …