13/12/2017
industrija1

Колкав е бројот на работниците во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2017 година, во однос на август 2016 година, изнесува 103.1.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст од 0.2%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.4%, Капитални производи за 12.9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.0%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-август 2017 година, во однос на периодот јануари-август 2016 година, изнесува 101.3.

Видете следно

svetska banka

Светска банка: На Западен Балкан му е потребен побрз раст за да го стигне растот на Европската Унија

Ќе бидат потребни шест децении за нивоата на приход во земјите од Западен Балкан да …