Колкaва е сиромаштијата во Република Македонија


Сиромаштијата е недостиг на неопходни производи како храна, облека, живеалиште и здрава вода за пиење, што резултира со низок животен стандард. Сиромаштијата подразбира како состојба кога основните потреби се поголеми од можностите за нивно задоволување.

Врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија, Државниот завод за статистика во 2017 година ги пресмета лаекен индикатори за сиромаштија за 2016 година. Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.

Според дефинитивните податоци, во 2016 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 21.9%.

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2016 година е 20.2%. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 9.0%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.1%.

Коефициентот „Gini“ (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 33.6%.

Видете следно

Левица: Сегашното референдумско прашање содржи три прашања

На референдум мора за секое прашање да има посебно гласачко ливче оти на референдум се …