17/01/2018
teatar

Колку изнесува просечниот број на посетителите на една претстава

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2016/2017 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 10.3%, а бројот на посетителите е зголемен за 2.1% во однос на периодот 2015/2016 година.

Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 185.

Во периодот 2016/2017 година, во однос на периодот 2015/2016 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 4.8%, а бројот на посетителите е намален за 7.1%.

Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 16.1%, а вкупниот број на посетителите е намален за 23.2%.

Во периодот 2016/2017 година, во однос на периодот 2015/2016 година, бројот на концертите и бројот на посетителите на Филхармонијата е намален.

Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2016/2017, во споредба со 2015/2016, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти), а намален е и бројот на посетителите.

Видете следно

Mats Wilander

Интервју со Мет Виландер, тениски експерт и аналитичар на Еуроспорт

Да  го старуваме интервјуто со приказната за Енди Мареј, кој очигледно се здоби со големи …