25/03/2017
elektricnovozillo

Колку пари даваат во Германија за купување на електромобил?

Околу 2 илјади пријави се поднесени во Германија за добивање на субвенции за купување на електрични автомобили. Кампањата започнала на 1ви јули 2016 и ќе трае до крајот на јуни 2019 година.

Целта е да се стимулира продажбата на електрични автомобили, така што ќе на купувачите им се обезбедува бонус од 4 илјади евра. На купувачите на хибридни возила, пак се дава попуст од 3 илјади евра.

Од воведувањето во акцијата на 1 јули досега се поднесени вкупно 1 791 потенцијални пријави на купувачи на електрични или хибридни возила кои аплицирале за субвенции.

581 апликации се за електрични автомобили од BMW, 444 апликации за модели на Renault, а 154 апликации се за автомобили на Volkswagen.

Од сите 45 милиони автомобили по патиштата на Германија, само околу 50 илјади се електрични автомобили или хибриди.

Видете следно

magistri

Се намалуваат магистрите и докторите на науки во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, звањето доктор на науки го …