17/10/2017
IGO_2991

Корпоративно управување во Семејните Бизниси

Семејните компании се од витално значење во секое општество и како такви заслужуваат посебно внимание не само поради огромниот број на работни места кои ги креираат во општеството, не само поради приходот кој го остваруваат, туку и поради нивната специфичност при работењето.

Само оние кои имаат семеен бизнис можат да посочат со какви сѐ предизвици се соочуваат секојдневно, не само од гледна точка на тоа како да го постават бизнисот во вистинска насока која ќе им носи успех и профит, туку и како да ги одвојат семејните односи од бизнис односите.  

Еден од клучните предизвици на семејните бизниси е дали и кога да се воведе корпоративно управување во компанијата. Светските истражувањата покажуваат дека компаниите кои се професионално управувани остваруваат ЗНАЧИТЕЛНО подобри финансиски резултати, наспроти копманиите кои практуваат семејното управување со слаби бизнис практики. За жал, во таквите копмании многу често се забележуваат финансиски неуспеси, но и измами, кои се една од најголемите болки не само во бизнисот, туку и во семејството.

IGO_330Сопствениците на компаниите многу често го одложуваат корпоративното управување во компаниите за „некогаш понатаму, кога ќе сме доволно големи“, што секако е многу погрешен принцип на работа. Корпоративното управување им помага на сопствениците да ги надминат дел од слабостите кои се карактеристични за сите семејни бизниси, како на пример:

  • Сложеност на управување

Комплексната управувачка структура на која освен професионалните се додаваат и семејните односи се еден од клучните проблеми при водење на компанијата

  • Склоност кон неформални односи и намерни нејаснотии

Сериозен компаниско/семеен проблем кој дополнително се зголемува со растот на компанијата

  • Недостаток на дисциплина (Клучен проблем во компанијата)

Многу семејни компании не посветуваат доволно внимание на клучните стратешки области како што се: планирање на наследници на клучни управувачки позиции, вработување на членови на фамилијата, привлекување на клучни менаџери

Едно од најчесто поставуваните прашања на сопствениците и управителите на семејните бизниси и КОГА да се воведе Корпоративно Управување? На ова прашање има само еден одговор: СЕГА И ОДМА.

Што им носи корпоративното управување на семејните бизниси?

Постојат три основни организациони барања кои мораат да се земат во предвид доколку семјните компании сакаат успешно да ги надминат предизвиците кои ги носи растот на компанијата и да остане одржлива.

  • Прво, семејните компании мораат да научат да ги регрутираат и задржат најдобрите луѓе за семејниот бизнис.
  • Второ, мораат да бидат во состојба да развијата култура на доверба и транспарентност
  • Трето, мораат да дефинираат логична и ефикасна организациона структура.

Корпоративното управување може на компаниите да им помогне во решавање на сите овие три предизвика.

Фаза на сопствеништво Доминантни проблеми на корпоративно управување
Прва генерација

Фирма контролирана од страна на основачот

Преминување на раководството (професионализациај на менаџментот)

Сукцесија (наследување)

Планирање на наследување на имотот? (имовина)

Втора генерација

Партнерство на браќа и сестри

Одржување на тимската работа и склада?

Одржување на семејното сопствеништво

Сукцесија (нсаледување)

Трета генерација

Конфедерација/Сојуз на роднини

Распределба на корпоративниот капитал

Акционерска ликвидност

Решавање на семејните конфликти

Учество и улога на семејството

Визија и мисија на семејството

Врската на семеството со компанијата

 

Ова е само една од темите кои ќе се обработуваат на Третата по ред Конференција  за предизвиците на транзиција на семејните бизниси, организирана од Clear View BTC, која ќе се одржи на 31.05.2017 од 09-17 часот на Скопски Саем. По успешно организираните Конференциии за семејни бизниси изминатите две години, каде учество зедоа повеќе од 250 посетители, Clear View BTC по трет пат ја организира единствената конференција од ваков тип, на која ќе се разговара за преземањето на лидерството и наметнување на авторитет од страна на наследниците; светски практики за трансфер на сопственишто („гемански“ модел vs „италијански“ модел vs „балкански модел“  и зошто е важно веднаш да се воведе корпоративно управување во Семејниот Бизнис

На панел дискусиите кои ќе се одржат во рамки на конференцијата, ќе можат да се слушнат еминентни претставници од бизнис заедницата кои ќе дискутираат на темите.

На конференцијата како гости ќе бидат присутни основачи и сопственици на приватни компании, професионални менаџери, наследници на компании, членови на семејни бизниси.

 

Видете следно

tutun

Премиерот Заев најави нов закон и поголеми субвенции за тутунот

Нов закон за тутун најави во Прилеп лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев. Согласно …