23/08/2017
kosovo

Косово ги снабдува државните институции со хеликоптери

Премиерот на Косово, Иса Мустафа, назначи меѓуминистерски тим кој работеше на идентификација на националните потреби и создавање на услови за набавка на хеликоптери со цел да се покријат потребите на Република Косово, јавува Anadolu Agency (АА).

Во соопштението од Кабинетот на премиерот се наведува дека на средбата што се одржа вчера, на која присуствуваа првиот заменик-премиер, Хајредин Кучи, министерот за безбедносни сили Хаки Демоли, министерот за здравство, Имет Рахмани, министерот за внатрешни работи, Скендер Хисени, командантот на КБС, генерал потполковник Рахман Рама, и директорот на полицијата, Шпенд Маџуни, меѓуминистерскиот тим пред премиерот Мустафа ги претставил соодветните проценки околу условите за купување хеликоптери.

Според извештајот се дознава дека по обемните дискусии, е одлучено да се адресираат и процедуралните прашања и да се воспостават контакти со престижни компании за купување на хеликоптери.

„Премиерот Мустафа истакна дека снабдувањето на државните институции со хеликоптери и зголемувањето на воздухоплодниот капацитет, е неопходност за да се справат со ситуации на граѓански итни случаи или за други состојби во земјата”, се вели во соопштението.

Во исто време се дознава дека надлежните власти изразија посветеност да се работи интензивно за ова прашање во согласност со потребите и со финансискиот капацитет, а Косово да биде опремено со хеликоптери, кои ќе служат да се зголеми нивото на безбедност и за спасување на животите на граѓаните.

Извор Фото: Кабинет на премиерот на Косово

Видете следно

ilon

Илон Муск: Самостојните автомобили ќе доминираат од 2040г.

Извршниот директор на Tesla Inc. бил гостин на World Government Summit во Дубаи, каде зборувал …