13/12/2017
Stitched Panorama

Кулинарски дуели на познатите личности во големото Веро шоу

Познати личности од земјава ќе ги демонстрираат своите кулинарски вештини и ќе се натпреваруваат во готвење во големото тридневно Веро шоу кое ќе се одржува во петок, сабота и недела во Веро центар. Со спектакуларното шоу за готвење, Веро ја заокружува едномесечната голема прослава на 20-годишниот јубилеј, период во кој компанијата ги награди своите лојални потрошувачи со специјални најконкурентни цени на производи, примамливи акции и бројни изненадувања.

Во Веро шоуто за готвење ќе учествуваат шест познати лица. Своите вештини во специјално изработената кујна поставена во Веро центар ќе ги покажат актерките Весна Петрушевска и Тања Кочовска, водителите Лила Стојановска и Жаре Бербер и музичарите Петар Младеновски од Суперхикс и Ѓоко Танески. Во секој од трите денови на шоуто ќе има двајца натпреварувачи кои ќе треба да приготват конкретен зададен рецепт со производи од Веро маркетот. Рецептот на денот ќе го предлагаат познатите ресторани „Пелистер”, „Томче Софка” и „Барбакан”, а реномирани готвачи од овие ресторани ќе бидат дел и од стручното жири кое ќе ги оценува приготвените рецепти и ќе го прогласува победникот на денот. 

Видете следно

“Auto Trophy 2017”: three first places for Audi

Три први места за Audi од “Авто трофеј 2017″

Читателите на AUTO ZEITUNG го избраа најдобриот светски автомобил: Оваа година, двата најпосакувани трофеи одат …