ladavesta

Lada Vesta најпродаван седан од С-класа во Русија

Експертите на автомобилскиот пазар пресметаа дека од почетокот на 2017 година во Русија биле продадени 89 илјади возила од С-класа, од кои 33 илјади се „Лада Веста“.

LADA Vesta е прогласена за најпродаван модел од сегментот С-класа на рускиот пазар на автомобили за изминатите седум месеци од годинава. 33 илјади Руси го купиле токму овој автомобил во текот на наведениот период, соопштува аналитичката агенција „Автостат“.

Второто место на рејтингот го зазема чешката „Шкода Октавиа“. Овој модел од јанури до јули 2017 година бил продаден во седум илјади примероци.

Третото место му припаѓа на корејскиот автомобил KIA Cee’d со продадени седум илјади примероци, пренесува „Руска Реч“.

Видете следно

28161907_1550041601780765_363341285821953775_o

Општина Карпош ќе започне да го спроведува проектот за насочување на младите, популарен како Job Shadowing

Општина Карпош ќе биде една од четирите општини во кои ќе започне да се спроведува …