zelenaenegija

Македонија се вклучи во глобалната кампања „Недела на зелена акција”

Организацијата на потрошувачите на Македонија, Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит и Здружението на агроновинари Медиа плус, на 07.10.2017 година, ја промовираа мобилната апликацијата за мобилни уреди „Органски пат”. Апликацијата им овозможува на потрошувачите брзо и едноставно да дознаат каде во нивна близина можат да набават или консумираат органска храна. „Од денес секој ќе може на својот мобилен телефон да ги пребарува производителите на органска храна во Македонија, како и ресторани, продавници и сместувачки објекти кои имаат органска храна во своите понуди” – изјави Маријана Лончар Велкова, претседател на Организацијата на потрошувачите. „Со консумирањето органска храна граѓаните можат да го зачуваат своето здравје, како и животната средина.”

Со оваа активност Македонија се вклучи во глобалната кампања „Недела на зелена акција” која се одржува од 2–8 октомври 2017 г. Кампањата, предводена од Меѓународната организација на потрошувачи, промовира одржлива потрошувачка и годинава опфаќа 29 земји во Африка, Азија, Европа и Америка.

Видете следно

Постоечка ситуаци_а ул. Павел Шатев

ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ УРЕДИ И РЕКОНСТРУИРА НАД 48.000 КВАДРАТНИ МЕТРИ ЗЕЛЕНИЛО

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ ги продолжуваат активностите за зазеленување …