Фото 2

Македонија станува „Доверлив балкански производител на облека”

Во партнерство помеѓу „ТТЗ Текстилен кластер – Македонија“ и „Браншова организација за текстил и облекло” – Бугарија, изготвени се два стратешки документи со кои се дефинира визијата на регионот: Регионален кластер со препознатливи, брендирани и иновативни производи, со висока технологија и модерно организирано производство, со развиена инфраструктура, во кои што текстилот претставува престижна професија.

Од новата соработка произлезе брендот “Доверлив балкански производител на облека” кој претставува концепт што ги поврзува двата погранични региони на Балканот: Македонија и Бугарија. Двата региони имаат добро развиено производство на облека и долгогодишно искуство во производство за познатите европски брендови. На овој начин, компаниите од овој регион ќе ја зголемат понудата на капацитети за производство на облека, и понудата на разновидни производни можности и продукти за европските купувачи.

Фото 3

Видете следно

penzioner

Се менува старосната граница – кога ќе одиме во пензија?

Македонија мора да ја зголеми старосната граница за пензионирање и да се усогласи до европската …