Македонија2025 со поддршка за политичката стабилизација на Република Македонија


Македонија2025 се надева дека постигнувањето на последното политичко решение ќе доведе до конечно решавање на долгата политичка криза во Република Македонија. Нашата организација е во согласност со граѓаните на Македонија кои ја поддржуваат одлуката на Претседателот Ѓорѓе Иванов да го даде мандатот на господинот Зоран Заев, на неговата партија и коалициските партнери, со цел формирање на нова влада. Една од најважните одлики на демократиите е беспрекорното предавање на власта, што во Македонија треба да доведе до нормализирање на демократскиот процес и ќе го овозможи изнесувањето на различните гледишта во политичкиот дијалог. Предавањето на власта им покажува и потврдува на сегашните и потенцијалните локални и странски инвеститори дека Македонија продолжува да биде отворена за бизнисот и гледа нанапред кон одржување на економскиот раст и просперитет преку економски развој.

Македонија2025 ја одржуваше својата неутралност во текот на изборите и постизборниот период, и ќе продолжи да делува како независна, невладина и непартиска организација. Македонија2025 ги повикува сите релевантни партии, групи и организации кои беа опфатени од политичката криза да ги стават настрана своите партиски интереси и да се фокусираат на градење на добра економска средина, во која странските и локалните компании и претприемачи ќе бидат стимулирани да ги продолжат нивните инвестиции во Македонија. Важно е да се нагласи дека во мошне компетитивната глобална арена, земјите овозможуваат позитивна економска клима и политичка стабилност, што резултира со враќање на придобивките кон граѓаните по пат на економски раст. Ова е наша заложба како организација и кон таа цел, продолжуваме да даваме поддршка на Република Македонија и нејзините граѓани.

Видете следно

Ѓорѓи Симјановски е избран за најдобар бармен во Македонија

Бевме сведоци на уште една 11-та по ред миксолошка приказна, измешана со многу талент, посветеност …