Македонската филхармонија ќе поднесе приговор до Комисијата за музичко-сценска дејност при Министерството за култура


Од Македонската филхармонија најавија дека ќе поднесат приговор до Комисијата за музичко-сценска дејност при Министерството за култура на Република Македонија за направените пропусти.

„Заради констатираните разлики меѓу усвоената годишна програма на Македонската филхармонија од страна на Управниот одбор на установата, и објавените резултати од Конкурсот на Министерството за култура за проекти од национален интерес во културата во 2018 година (официјално соопштена од ресорното министерство во саботата на 10.02.2018), Управниот одбор на НУ Македонска филхармонија, во присуство на в.д. директорот, Виктор Илиески, денес (14.02.2018) одржа вонредна седница на која беше одлучено да биде испратен приговор до Комисијата за музичко-сценска дејност при Министерството за култура на Република Македонија за направените пропусти во одобрувањето средства за непостоечки проекти во програмата на институцијата“, стои во соопштението на македонската филхармонија

Видете следно

Делегација од МЗШВ учествуваше на Агро-економскиот форум меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа во Литванија

Прв пат после пет години Република Македонија се претстави со свој национален штанд на еден …