Македонската иновација Термостоп ќе се извезува во неколку европски земји


Кога ќе создадете иновативен производ кој е исклучително ефикасен нормално е тој да предизвика внимание од јавноста. Со првите промотивни активности и запознавање на пошироката јавност, започнува и неговата примена. Прво срамежливо и со мала недоверба на домашниот пазар, пред се во станбените објекти, а потоа и во индустриските капацитети.

Почнува сериско производство и први договори за извоз во странство. Таква е приказната и за „ТермоСтоп” високо квалитетен термоизолационен производ произведен од македонската компанија Металотехника Прилеп, поддржан од Фондот за иновации на Р. Македонија.

Добиен по нано технологија, овој еколошки производ, овозможува заштеда најмалку 30 – 50% од потрошувачката на енергија во објектите каде се поставува, во период од најмалку 15 години, што е драгоцена заштеда за семејниот буџет, како и за буџетот на една компанија. http://metalotehnika.mk/#

Токму овие негови иновативни и пред се функционални карактеристики беа одлична препорака за негово претставување на странските пазари, и за првични преддоговори за испорака и официјално негово тестирање во земји како Италија, Украина ….


Видете следно

Денес 23 октомври неработен ден за сите граѓани на РМ

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот …