23/11/2017
20171112194030__MG_3096

Македонскиот филм „Исцелител“ триумфираше во Солун

Филмот „Исцелител“ на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески ја освои наградата на публиката во рамки на „Balkan Survey“ програмата на 58-от Солунски филмски фестивал.

Тоа e единствената награда што се доделува во балканската програма и прва награда доделена на македонски филм во 58-годишното постоење на фестивалот.

Балканската програма оваа година беше исклучително престижна, учествуваа 10 филма, меѓу кои и овогодинешниот добитник на сребрена мечка на берлинскиот филмски фестивал, романскиот „Ana Mon Amour“, потоа добитникот на Фипресци наградата на Софискиот филмски фестивал, српскиот филм „Реквием за госпоѓа Ј“ и уште еден романски филм, учесник во официјална конкуренција на Локарно – „Charleston“.

„Сѐ уште сум под огромни ипмресии. Големо задоволство во моментов ми е што наградата на публиката ми покажа дека филмот кој се движеше на тенка линија помеѓу драма и комедија целосно допре до интернационалната публика. Се смееја на хуморот, се плашеа за главниот јунак, навиваа за среќна завршница. Имав две прекрасни проекции, а во релаксирана атмосфера слушнав коментари кои ми покажаа колку сме блиски како култури, особено притиснати од нашите апсурдни балкански невољи. Се надевам на добар прием и кај нашата публика.“ – изјави режисерот Ѓорче Ставрески.

Филмот пред македонската публика премиерно ќе се прикаже на Синедејс на 19 ноември, по што ќе се најде на редовната програма на македонските кина. Интересната промотивна кампања за филмот е достапна на вебсајтот iscelitel.mk.

Видете следно

peleti

Колку барања за субвенции за купување печки на пелети се доставени во Град Скопје

До денеска до 14 часот во архивата на Град Скопје се доставени 217 барања за …