mkwizz

Премрзнати македонски патници: Авионот на „Wizz Air“ оставил преку 50 патници во Париз

Премрзнати македонски патници, околу 50-тина, останале на аеродромот во Париз откако авионот на Визер заминал без нив затоа што доцнеле половина час поради невремето, јавува Канал 5.

Автобусот со кој се враќале на аеродромот патувал многу бавно поради лошото време кое ја зафати Франција денеска.

Патниците раскажуваат дека авионот не бил полетан кога пристигнале на аеродромот но од Визер немале разбирање па авионот полетал за Скопје пракитчно празен, а следен лет им бил понуден дури во сабота.

Видеото на Канал 5 погледнете го во продолжение.

Видете следно

pimen

Отец Пимен испрати силна порака по повод големиот празник Прочка

Отец Пимен во предвечерието на големиот празник синоќа порача: – О ти човеку што држиш …