Макстил со нова инвестиција од 2.5 милиони евра


Компанијата „Макстил“ ќе инвестира околу 2.5 милиони евра во реконструкција и во модернизација на погони во рамки на Железарницата. Големиот инвестициски зафат за модернизација на опремата во Валавницата за дебели лимови ќе овозможи зголемена контрола, квалитет и сигурност во работата и намалување на појавата на неплански застои во погонот, објавува Македонска берза на својата интернет страница (http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=42718) врз база на официјална информација од компанијата.

Оваа компанија, само минатата година, вложила околу 940.000 евра во различни инвестициски проекти во компанијата. Како што се наведува, парите се инвестирани во значајни инвестициски проекти за да се обезбеди континуитет во работата, зголемена ефикасност, зголемено ефективно време и намалување на трошоците за одржување.

Околу 130.000 евра, Макстил вложила во набавка на хидраулична преса за дебели лимови, за реконструкција на Скид системот се инвестирани околу 150.000 евра. Компанијата набавила и секатор за дебели лимови за 110.000 евра и околу 100.000 евра за изградба на пумпна станица за покачување на притисокот на вода за ладење на печките.

Видете следно

Porsche прослави двојна победа во Ле Манс на 24-часовниот маратон

Porsche уште еднаш направи историја и ги освои двете класи на ГТЕ на најтешката и …