23/06/2017
btgenijalec

Малиот битолски генијалец

ТВ Тера го откри 4 годишниот Јане Петровски, за кој тешко е да се поверува дека ги знае сите видови на змии, но исто така ги знае и сите видови на животни од неговиот албум со сликички и знае дали се работи за безрбетници, мекотели, членконоги, риби, водоземци, влекачи, птици, цицачи или пак за животни кои што спаѓаат во изумрен вид. Вие му го кажувате бројот од албумот а тој знае кое животно треба да се залепи на тој број и веднаш го класифицира.

Неговата мајка ни кажа дека Јане зборувал се на една годишна возраст . А љубовта и интересот кон животните ги наследил од својот татко Александар.

-Од лани летото започнавме да бериме сликички , се интересираше на почетокот за кое животно се работи, како се вика и во која група на животни спаѓа. Така научи и да чита, изјави Снежана Петровска.

btgenijalec1

Неговата мајка вели дека Јане од своите другарчина не се разликува , вели дека тој сепак е дете кое што оди во градинка, си игра со другарчината, сака играчки, и сака да игра игри на комјутер. Гледајќи го неговиот постар брат Иван како чита и пишува, на своја 4 годишна возраст Јане знае да чита и пишува на кирилица , но и на латиница.

Многумина можеби ќе си го постават прашањето дали тој треба да е првиот првооделенец со 4 години. Но Снежана вели дека ќе чекаат на наполни 6 години, за заедно да си учи со своите другари.

Извор: ТЕРА ТВ

Видете следно

okta

ОКТА ја продолжува успешната соработка со Централниот депозитар за хартии од вредност

Компанијата ОКТА втора година по ред дивидендата на своите акционери ќе им ја исплати преку …