МАМА’С Е МАКЕДОНСКАТА ЅВЕЗДА НА АНУГА САЕМОТ ВО КЕЛН


Уште една успешна презентација на Македонските премиум производи во светот Македонската компанија MAMA’С, која е лидер во производство на домашни традиционални производи во прехранбената индустрија, се претставува на најголемиот и најважен светски саем за храна и пијалаци, АНУГА, што се одржува од 07 до 11 октомври оваа година, во Келн, Германија.

На површина од околу 284,000 m² изложбен простор, покрај МАМА’С, на саемот се присутни повеќе од 7.400 изложувачи од 107 земји.

„MAMA’С денес е уникатно позициониран како единствен производител на специјални производи за храна кои се продаваат во многу премиум продавници во светот, вклучувајќи ги и Fortnum & Masons во Лондон. Ние ги следиме трендовите на храна со цел да ги задоволиме потребите на потрошувачите за вкусна и здрава храна .“- изјави Бобан Заев, извршен директор на МАМА’С.

Посетителите на саемот покажуваат огромен интерес за ајварот, лутеницата, малиџаното, како и за слатката на MAMA’С. Како што сами кажуваат, најповеќе го ценат фактот што тие се направени од 100% природни состојки – без вештачки бои, адитиви, конзерванси, згуснувачи или скроб.

Сертификатите за квалитет, што компанијата ги поседува, само го потврдуваат ова. Побарувачката за здрави состојки е водена од голем број потрошувачки фактори, како што се стареењето на населението, зголемениот интерес за здрави животни стилови, загриженоста за дебелината и зголемената свест за поврзаноста меду исхраната и здравјето. АНУГА секоја година ги поставува трендовите, а МАМА’С производите се дел од нив.

Оваа не е прв пат македонските производи направени по традиционални домашни рецепти, а произведени од МАМА’С да ја претставуваат нашата земја во светот. За квалитетот на своите производи, компанијата има освоено бројни награди и признанија на саеми од ваков тип. MAMA’С е компанија со значително производство, базирано на состојки од локално потекло, која ги продава своите производи во повеќе од 35 земји ширум светот.

Видете следно

Новиот Opel Combo прогласен за Меѓународниот ван на годината 2019

Новиот Opel Combo Cargo е меѓународен ван на годината за 2019 (IVOTY), најпосакуваната титула во …