MASIT IKT

MAСИТ го најавува својот настан “МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ”

Глобалната динамика на ИКТ пазарот бара системски приод кон решавање на прашања поврзани со иновации, развој и глобална конкурентност. Токму во овој стратешки правец, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии го најавува одржувањето на МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ  – дводневен настан во рамки на кои ќе се одржат два исклучително значајни настани за стратешко унапредување и подобрување на ИКТ секторот во Македонија.

За 26 септември закажан е форумот на тема: “Регулатива на работните односи и пазарот на труд во рамки на ИКТ секторот”  чија цел е да се обработат и дискутираат теми поврзани со регулативата на работните односи. На форумот ќе се опфатат теми за регулирање на работните односи, платите и надоместоците во овој сектор , ИКТ и пазарот на труд и ќе се даде приказ на успешни примери и искуства од регионот чии модели на работа можат да се применат кај нас. Форумот се организира од страна на МАСИТ во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива во кој МАСИТ е партнер заедно со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северо – Западна Македонија и Епи Центар Интернационал. Проектот цели кон изнаоѓање на решенија за подобрување на регулативите во функција на поефикасно работење на малите и средни претпријатија во РМ.

По завршувањето на форумот веќе на 27 септември следува вториот дел од МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ, поточно конференција за иновативни ИКТ решенија и трендови. Конференцијата има за цел да опфати и дискутира теми и прашања од областа на иновациите поврзани со: ефикасната соработка помеѓу компаниите, науката и државата, претставување на иницијативи за поттикнување и поддршка на иновативноста на мали и средни претпријатија, ќе се дискутира и за иновациите во услужната дејност и туризмот, искуства од домашните ИКТ компании преку претставување на иновативни решенија, проекти, методологии и глобални трендови. Оваа конференција е организирана од МАСИТ како главен организатор во партнерство со Твининг проектот финансиран од ЕУ „Развивање соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“.

На настаните ќе учествуваат претставници на комората, ИКТ компаниите, претставници од државните институции, странски и домашни експерти.  Учеството на форумот и конференцијата е бесплатно со претходна задолжителна регистарација. Деталната агенда како и регистрациската форма може да се погледнат на следниот линк: http://www.seeita.org/ ,  како и на официјалниот Facebook настан.

 

Видете следно

28161907_1550041601780765_363341285821953775_o

Општина Карпош ќе започне да го спроведува проектот за насочување на младите, популарен како Job Shadowing

Општина Карпош ќе биде една од четирите општини во кои ќе започне да се спроведува …