23/08/2017
karlos

Милијардер даде одличен совет: работете 3 дена во неделата

Мексиканскиот милијардер Карлос Слим советува да се работи 3 дена во неделата.

“Денес луѓето живеат подолго, повеќе се здрави, не се преоптоварени од тешка физичка работа. Денешната цивилизација бара повеќе знаење, повеќе уметност и помалку физичка подготвеност. Мислам дека луѓето треба да се пензионираат подоцна и да работат 3 дена во текот на неделата”, објаснува Слим во интервју за Bloomberg.

Според него радикалното намалување на работната сила ќе доведе до отворање на нови работни места и ќе обезбеди поголема динамика на бизнисот.

Ако луѓето бидат слободни 4 дена, тоа не само што ќе го подобри квалитетот на нивниот живот, но ќе доведе и до поголем развој на туризмот, индустријата, културата, спортот и образованието.

Според милијардерот, луѓето не треба да се пензионираат на 50-60 години, туку доста подоцна, бидејќи располагаат со повеќе знаење и искуство. Така ќе се избегнат и негативните ефекти од рано пензионирање, што е сериозен проблем во многу земји.

Пократката работна недела е погодна за фирми каде има премногу вработените и онаму каде има во план да се прават кратенки.

“Може да имате 2 работни места – едно од понеделник до средината на неделата и друго од четврток до сабота. Или пак да се работи 3 дена и да се обучуваат во нешто друго останатите 3 дена, за да се добие уште подобра работна сила”, вели милијардерот.

Околу 40% не се согласуваат со оваа опција”, вели Слим.

Идејата за тридневна работна недела не е само на мексиканскиот милијардер. Пред неколку дена британските медиуми известија за истражувањето, според кое работниците се продуктивни само 3 дена во неделата.

Видете следно

znamemk

Следуваат три продолжени викенди

Понеделник е следниот неработен ден, и се паѓа на 28 август. Остануваат уште малку неработни …