Милошоски: ПАТОКАЗ е решението за излез од тековната политичка криза


Интегрален текст од прес конференција на Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ:

Водејќи се од принципот за Единствена Република Македонија, а со цел да извлечеме поуки и да понудиме решение за излез од сегашната политичка криза, но и од можни идни политички кризи и случувања како партија го посочуваме следниот патоказ:

Создавање на над партиски договор за секое идно принципиелно решавање на внатрешни разлики, во рамки само на институциите на државата, без странски агенди или претставници, и единствено од страна на легитимно избрани претставници на македонските граѓани.

Внатрешно обединување против вмешување во внатрешните работи на Република Македонија, од страна на странски политичари или држави кои што се косат со концептот на почитување на суверенитетот или се спротивни на принципот за добрососедски односи.

Заеднички да отфрлиме планови и платформи или агенди кои се надвор од нашето уставно уредување или се спротивни на македонските стратегиски- државни интереси.


Видете следно

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка

Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка …