Мицкоски се обрати кон своите сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ: Еве што им порача (Видео)


Во Домот на културата во Валандово денеска ВМРО-ДПМНЕ одржа конгрес на кој беше избран новиот претседател на партијата по оставката на Никола Груевски. Единствениот кандидат кој можеше да го замени долгогодишниот лидер Никола Груевски беше Христијан Мицкоски.

На несмасните брифирања од неименувани партиски извори дека ќе сум бил марионета ќе одговорам дека со мојата работа убеден сум дека ќе го докажам спротивното, рече новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Свесен сум во каква атмофера поминува овој Конгрес, со шпекулации и наметнати теми, но таква е состојбата и со политиката. Од денеска па натаму ќе се потрудам политиката да биде поинаква. Свесен сум за сите сомнежи во мене кои донекаде се оправдани затоа што не сум носел крупни државни одлуки“, рече Мицкоски.

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема намера да штити непринципиелни работи и нешто што е спротивно на вредностите на партијата.

„Мојот политички притивник е СДСМ, а не поединци во ВМРО-ДПМНЕ. Ќе работам на решавање на проблемите со дијалог, но нема јавно да прозивам и внатрешната дебата да се претвори во театар кој ќе оди во прилог на нашиот противник“, рече Мицкоски, соопштува Макфакс.


Видете следно

И Миле Паника се пошегува за бегството на Груевски – Еве што напиша на Facebook

Сите чекаат официјална потврда дека избегал за да почнат да го бараат. Ова е како …