17/10/2017
parizemjodelstvo

МЗШВ ги плати неизмирените обврски кон сопствениците на приватни шуми за 2016 година

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги исплати неизмирените обврски од Програмата за проширена репродукција на шумите за 2016 година кон сопствените на приватни шуми. МЗШВ од Програмата за проширена репродукција на шумите за 2017 година исплати  21 илјади евра за пошумување на сопственото земјиште со вкупна површина од 21,54 хекатри, на 16 лица. Со Програмата за 2016 година беа обезбедени околу 25 илјади евра за пошумување на 25 хектари земјиште во приватна сопственост, за што конкурираа 17 лица, но само едно лице не ја реализираше мерката.   

Исто така со Програмата за 2017 година се предвидува мерка за пошумување на земјиште во приватна сопственост на вкупна површина од 20,13 хектари, за што се обезбедени средства од Буџетот на РМ во вкупне износ од близу  20 илјади евра или речиси 1.000 евра по хектар.

Видете следно

vmrodpmne

Погледнете колку пари потрошиле од ВМРО-ДПМНЕ до сега за изборите

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ потрошила најмногу пари во првите 10 дена од кампањата за локалните избори, покажа …