23/08/2017
baskerfest4

На 16 јуни во Скопје започнува меѓународниот уличен фестивал- Баскерфест

12-ти пат, традиционално во Скопје, но и во другите градови низ Македонија ќе се одржи „Баскерфест“, фестивалот кој под отворено небо нуди бесплатна забава за сите возрасти. Локацијата е плоштад „Македонија“, а свои точки секојдневно ќе имаат атрактивни баскер изведувачи од целиот свет.

Во Скопје фестивалот ќе започне на 16 јуни и ќе трае 10 дена, а потоа ќе продолжи и во другите градови ширум Македонија. Со овој настан секоја година се отвараат портите на Скопје како за домашната, така и за меѓународната публика која ја има во се поголем број. Се очекуваат настапи и спектакли на над 50 артисти од различни земји, многу музички точки и баскер работилници, како и катче за најмладите.

Видете следно

ilon

Илон Муск: Самостојните автомобили ќе доминираат од 2040г.

Извршниот директор на Tesla Inc. бил гостин на World Government Summit во Дубаи, каде зборувал …