13/12/2017
zara

На која возраст жените престануваат да пазаруваат во Zara?

Zara е култен синџир продавници за облека која стана омилена марка на младите и луѓето на 30-годишна возраст. Но, според експертите во областа на потрошувачката има возрасна граница за купување на облека од Zara и таа е многу помала отколку што мислите, пишува Daily Mail.

Агенцијата за анализа на потрошувачката Insight Rooms изработи студија за начинот на кој жените се приврзуваат со шпанската марка според нивната возраст. Истражувањето утврдило дека посветеноста го достигнува својот врв на возраст меѓу 23 и 27 години.

Потоа купувачите почнуваат да се намалуваат, пишува сајтот WWW.com. Кога ќе достигнат 33-годишна возраст, социјалната посветеност се намалува под 1 отсто.

Иако ова е изненадувачки за купувачите на Zara над 30-годишна возраст, сепак старосната граница не е толку драстична како кај некои други конкурентни синџир продавници.

 

Видете следно

FORD_2017_Mustang_Watch_03

Стари Мустанг возила станаа елементи во луксузни часовници

Многу компоненти од старите Ford Mustang возила наместо во отпад завршуваат во рачно изработени уникатни …