23/11/2017
_MG_8730

На собирот во Лондон на ИТ Европа – Награди за Софтвер и Одличен квалитет

Сорсикс Интернационал, амбициозната австралиско-македонска компанија за современи технологии, ја доби наградата за најиновативно и најдобро искористено владино/институционално  решение  на годината, за производот наречен Пинга.

Водечките Пан-европски Награди за провајдери на решенија и систем интегрирачки компании и нивните партнери и дистрибутери се собраа неодамна во Лондон за да ги оценат и да им оддадат признание на најдобрите во 2017 година.

Во конкуренција на десеттина ИТ компании за инженеринг на податоци и иновативност од Европа, производот на Сорсикс беше оценет како најдобар  и со ова застана рамо до рамо со врвните во индустријата.

Џон Гарат

Платформата Пинга, е развиена како поддршка на интегрираниот јавен здравствен систем во Македонија и Србија и  доведе до фантастично подобрување на перформансите на споменатите системи – нешто што беше признато и  посебно истакнато од Европскиот потрошувачки извештај за оваа година. Станува збор за познатите Мој Термин и Мој Доктор кои привлекоа многу големо внимание.

„Квалитетот оваа година беше уште поголем од минатите години и е само потврда на нашиот став дека Европа влезе во нова ера на ИТ самодоверба“, рече Џон Гарат, главниот уредник на ИТ Европа и претседател на жирито.

„Останува на нас како индустрија да ги земеме овие идеи и да ги презентираме на пазарите, да им ги покажеме на медиумите, на политичарите и владите, за да видат дека нашата индустрија не е само „безбедносни закани“, туку редовно испорачува фантастични производи кои им се од корист на обичните бизниси и на обичните луѓе.

Примајќи ја наградата на свеченоста во Ројал Гарден хотелот во Лондон, Далибор Фртуниќ, еден од челните луѓе на компанијата, им се заблагодари на европските колеги за ова признание:

„Посебна чест и задоволство е кога  се добива награда токму од своите колеги, зашто тие се во одлична позиција да знаат што значи системот Пинга и какви резултати постигна во релативно кусо време. Оттаму, ова признание има уште поголемо значење за нас и ќе биде поттик за понатамошен развој“.

Далибор Фртуниќ, кој заедно со Драган Шахпаски, Глигор Ѓозев и Том Фртуниќ ја формираа Сорсикс која има седиште и во Скопје, рече дека наградата е всушност заслуга на целиот тим кој со ентузијазам, многу умешност и позитивна енергија ја разви платформата од идеја до практична имплеметација. Составен дел од проектот беа и бројните обуки и континуираната поддршка за партнерите и корисниците.

_MG_8730

Сорсикс интернационал успеа да ги привлече најдобрите таленирани, амбициозни и иновативни кадри во индустријата и тоа е една од главните причини зошто оваа компанија има брз развој. Нејзините  системи и решенија веќе се бараат во Ирска, Индија, Балтичките земји.

Во портфолиото на компанијата sorsix.com, покрај здравството, стојат и производите од областа на образованието, финасиите, автопатишта и трговија.

_MG_8913

Видете следно

zelenzidkancelarija

Живиот ѕид го чисти воздухот со вештачка интелигенција

Повеќето луѓе трошат околу 22 часа надвор, но дали знаете дека атмосферата во просториите може …