helikopter

Најголемиот хеликоптер во светот е висок колку двокатна зграда (Фото)

Ми-26 е хеликоптер кој руши рекорди. Тој е најголем на светот и може да носи и до 20 тони товар.

Русија е голем производител на нафта и гас. Најголемиот дел од нејзините резерви на овие горива се наоѓаат во далечните краишта на Сибир каде најблиското населено место или пат се оддалечени стотици километри. Единствен начин да се пренесе тежок товар до овие области е да се употреби хеликоптер.

Една од водечките авиокомпании во северен Сибир е „Скол“. Нејзината флота се состои од 37 летала меѓу кои е и Ми-26, пишува Руска реч.

Ми-26 спаѓа во малубројната група летала кои можат да подигнат товар со маса еднаква на сопствената и да го транспортираат на растојание до 800 километри.

Главното правило за пренесување товар со хеликоптер е да не се лета над населените места дури и ако заобиколувањето значително го продолжува времетрањето на летот.

Овој хеликоптер има два мотора, од кои секој има 11400 коњски сили. Потрошувачката изнесува три тони гориво на час.

Пред секој лет шест инженери ја проверуваат техничката исправност на хеликоптерот и го загреваат моторот. Проверката обично трае еден час, но може да потрае и два часа и подолго кога температурата е под -30°С.

Видете следно

ljube

Преживеа голгота, а не заборави на оние кои му нанесоа зло: Еве што за прочка порача Љубе Бошковски

Претседателот на партијата „Обединети за Македонија“, Љубе Бошковски објави порака по повод празникот „Прочка“. Еве …