НАЈВКУСНОТО ИТАЛИЈАНСКО ЗАДОВОЛСТВО ПРИСТИГНA ВО РЕСТОРАН FOUR


Од денес во ресторан FOUR кој е во склоп на Парк Хотел и Спа, можете да уживате во вкусот на нешто повеќе од обичен сладолед а тоа е незаменливото Frosty италијанското џелато. Врвниот мајстор на џелато, Леонардо Лембо моментално е гостин во хотелот. Во краток разговор со него, тој ни откри неколку интересни факти за овој италијански специјалитет, кој од сега па натаму ќе можете да вкусите не само во ресторанот Four, туку и во Twins Kitchen and Wine и Brick Bar.

Која е всушност разликата помеѓу обичниот сладолед и Frosty?

Леонардо ЛембоРазликата е во стрктурата на џелатото. Оригиналното џелато во Италија е 70% течност, вода или млеко, 30% цврстина. Во Италија имаме вкусови кои не можете да ги најдете на друго место. Joy Gelato е уникатен бренд затоа што имаме голем број различни вкусови кои доаѓаат директно од Италија, како на пример нудиме четири вкусови од фстаци кои доаѓаат од Бронте, лешник од Пиедмонт. Ова е италијанскиот вкус!

Кој е најпобаруваниот вкус, има ли некој несекојдневни, уникатни вкусови?

Дефинитивно лешник, ова е е вкусот кој е омилен на потрошувачите. Секако дека имаме и голем број на специфични вкусови, како на пример нашиот најдобар уникатен вкус се вика ‘’Бесаме Мучо’’, кој ни го носи вкусот на Шпанија. Внатре содржи печени лешници.

Kоја е тајната на Џелато?

Луѓето одбираат високо квалитетен продукт, но воедно и најевтин. Ние комбинираме, тоа е магија. Тоа е тајната на Frosty.
Во иднина Joy Gelato може да достигне уште повисок кавлитет, а цените сеуште ќе останат ниски. На тој начин сите се задоволни. Ние сме продуктивна компанија и не сме многу ориентирани кон маркетинг, токму затоа и цената е пониска.

Вчера вечер со секоја резервација гостите во ресторан FOUR имаа можност да го пробаат Frosty италијанскoтo џелатото подготвено лично од Леонардо.

Дојдете во ресторан FOUR и уживајте во најдоброто Frosty џелато во градот.


Видете следно

Денес 23 октомври неработен ден за сите граѓани на РМ

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот …