Настан на ФАО носи дигитална трансформација во земјоделството во Централна и Југоисточна Европа


Мобилни телефони, сателити, радио, далечински сензори, интернет конекција, голема база на податоци (Big Data) – неисцрпна листа на алатки што го трансформираат нашиот живот на многу начини. Тие би можеле да имаат ист ефект врз земјоделството и производството на храна.

Ова е основата на Регионалниот форум за Е-земјоделство организиран од ФАО, кој се одржува денес, наменет за земјите од Централна и Југоисточна Европа, каде што употребата на информатички и комуникациски технологии во земјоделството и производството на храна не е толку застапена колку што има потенцијал.

Претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија и Косово* ќе разговараат за тоа како да напредуваат со примена на информатички и комуникациски технологии (ИКТ) во земјоделството. Три дена ќе имаат можност да учат од ФАО, други меѓународни организации, земји со повеќе искуство и претставници од приватниот сектор.

По дефиниција, е-земјоделството подразбира дизајнирање, развивање и примена на иновативни начини за користење на информатички и комуникациски технологии – вклучувајќи ги и дигиталните технологии – во руралниот домен. Примарниот фокус е на земјоделството, вклучително рибарство, шумарство и сточарство.

Видете следно

Уште 5 дена трае јавниот оглас за давање под закуп на државното земјоделско земјиште на поранешниот агрокомбинат Џумајлија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги известува сите заинтересирани, дека Јавниот оглас за давање …