13/12/2017
nbrm-300x169

НБРМ ќе ја организира Шестата меѓународна истражувачка конференција

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека ќе ja организира Шестата меѓународна истражувачка конференција насловена како: Централното банкарство во услови на продолжена глобална неизвесност: Најновите лекции додека се бара „новата нормала“. Новина оваа година е тоа што Истражувачката конференција на Народната банка на Република Македонија ќе се организира во рамките на заеднички настан со Лондонската школа за економија, ЛСЕЕ ‒ Истражување за Југоисточна Европа и нивната конференција насловена како: Социјална кохезија во земјите од Југоисточна Европа. Овој заеднички настан ќе се одржи во периодот 5‒7 април 2017 година во хотелот „Холидеј ин“, во Скопје.

Истражувачката конференција на Народната банка на Република Македонија традиционално се организира по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија, a оваа година е во знакот на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј од овој настан. По повод овој јубилеј, на почетокот на Конференцијата ќе се одржи панел-дискусија посветена на процесот на транзицијата во регионот, на кој ќе учествуваат високи претставници од меѓународните финансиски организации, академските институции и централните банки. Воедно, на Конференцијата ќе бидат презентирани истражувачки трудови на претставници од централните банки и академските институции од регионот и пошироко. Оваа конференција вообичаено ги спојува истражувачите од централните банки и академската заедница и обезбедува дискусија заснована врз истражувања и совети коишто се релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот.

Видете следно

germanijaizvoz

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – октомври 2017 година бележи пораст од 16.0 %

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од …