23/06/2017
britanka4

Неверојатниот живот на најбогатата Британка

Според овогодинешното рангирање на Sunday Times, Кирсти Бертарели уште еднаш е најбогатата жена во Велика Британија. Како мултимилиардер таа живее неверојатен живот, на кој секој може да и позавиди. Нејзината финансиска состојба е 9.45 милијарди фунти (14,3 милијарди долари).

Како тинејџер таа станува Мис на Велика Британија. По 20-години почнува да пишува песни, а по 30 се мажи за најбогатиот Швајцарец Ернесто Бертарели. Двајцата имаат три деца, споделува таа за Business Insider.

Таа е родена во Стоун, Стафордшир на 30 јуни, 1971 година. Нејзиниот татко поседува еден од најголемите производители на керамика во светот Churchill China. Како дете таа учела во приватното училиште Howell’s во Северен Велс и сакала да јава коњи и игра тенис. Во 1988 година станува Мис на Велика Британија и се рангира на второто место на конкурсот Мис на светот. Ова достигнување и ги отвора вратите кон музичката индустрија. Таа потпишува договор со Warner Records и почнува да работи со музика професионално.

britanka4

Видете следно

irena

Пратеничката Ирена Стефоска на работа до Собранието доаѓа со велосипед (Фото)

Пратеничката од СДСМ, Ирена Стефоска на работа до Собранието доаѓа со велосипед. Стефоска е Доктор …