17/01/2018
DSC_5431

Николовски: Во следниот период ќе се објават огласи за доделување на државно земјоделско земјиште

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, посебната советничка за земјоделство во кабинетот на ПВРМ, Ленче Николовска, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски, вчера вечерта присуствуваа на заедничка трибина со земјоделци од скопското село Љуботен.

На трибината се разговараше за моменталната состојба во земјоделството, за проблемите со кои се соочувале земјоделците од овој регион во изминатите години, како и за идните политики на Владата за развој на земјоделскиот сектор. Земјоделците имаа можност да поставуваат прашања до присутните претставници од Владата.

Министерот Николовски посочи дека овие теренски средби се важни, за да се слушнат предлозите на земјоделците, токму во овој период кога се подготвува петгодишната Национална програма за земјоделството и руралниот развој.

-Од почетокот на нашиот мандат интензивно сме посветени на носење на мерки со кои ги враќаме парите кај граѓаните, а ги кратиме непродуктивните трошоци. Првите две клучни мерки кои ги ветивме и значат повеќе пари во земјоделството, се измените на Законот за персоналниот данок со кои овозоможуваме земјоделците со основна дејност кои имаат приход до 1 милион денари да добијат поврат на данокот, потоа воведувањето на мерката за евтина зелената нафта, како и ревизијата на доделеното државно земјоделско земјиште во изминатите години. Процесот на ревизија кој се спроведува во моментов, е една од најклучните мерки. Констатиравме огромен број на незаконитости, неправилности и при доделување на земјата и во целокупниот процес на спроведување на огласите. Интензивно работиме на овој случај, изминатиов период веќе се раскинаа договори поради констатирани неправилности.Во следниот период ќе објавиме голем број огласи за доделување на државно земјоделско земјиште, се со цел земјата да се врати кај вистинските земјоделци“, изјави министерот Николовски пред присутните земјоделци

Видете следно

Sredba Silegov Bandik (4)

Шилегов оствари работна средба со градоначалникот на Загреб: Загрепски сообраќајни експерти наскоро во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, деновиве е во официјална посета на Загреб, Република Хрватска, каде …