Норвешка престана да продава оружје за ОАЕ


Норвешка го прекина извозот на оружје и муниција за Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), соопштува американското издание The Washington Post. Во Осло се категорични дека нивната одлука е “израз на строга превентивна линија” и се базира на “сеопфатна проценка на ситуацијата во Јемен”.

Министерот за надворешни работи Ине Ериксен Сорејде истакна дека Владата на Нордиската земја не располага со информации за користењето на норвешки оружја во воените дејствија во Јемен, но сподели “големата загриженост” на Осло по повод хуманитарната ситуација во блискоисточната држава. Сорејде потсети дека во 2010 година Норвешка дозволи продажба на оружје и муниција на ОАЕ.


Видете следно

Се огласи МЗШВ: Престанок на работен однос и дисциплинска постапка за државниот секретар Цветaн Трипуновски

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остро реагира на денешната прес конференција на Генералниот секретар …