17/10/2017
Sl. 2 Gorillaz Live

Нова димензија во музиката: Телеком ја воведува новата Lenz апликација и го најавува првиот разговор во живо со Gorillaz

  • Telekom Electronic Beats го најавуваат првиот разговор во живо со Gorillaz
  • Lenz апликацијата на Telekom Electronic Beats открива нова димензија во музиката
  • Корисниците на Македонски Телеком можат да уживаат во музиката на Gorillaz сега со двапати повеќе интернет во Cool тарифата за млади во Smart постпејд и Magenta 1

По концертот што се одржа минатиот месец во Лондон, каде Gorillaz за прв пат го претставија нивниот нов албум Humanz во живо, Telekom Electronic Beats најавува уште еден настан кој ќе се одржи за прв пат: разговор во живо со бендот, кој ексклузивно ќе се емитува на YouTube каналот на Electronic Beats, во четврток, 20 април во 16:00 часот. Интервјуто, кое ќе го води DJ MistaJam од BBC Radio 1, ќе им даде шанса на обожавателите од целиот свет да  слушнат за новиот албум од страна на Мурдок и 2D.

Освен интервјуто, Telekom Electronic Beats денес ја претставуваат и нивната нова Lenz апликација. Aпликацијата која може да се симне бесплатно, ја преобразува која било магента површина, како што е логото на Electronic Beats, во виртуелен портал преку кој може да се гледаат ексклузивни содржини за Gorillaz.

Оваа иновативна AR (Augmented Reality) апликација им овозможува на корисниците да искусат една сосема нова димензија – поглед внатре во домот на членовите од бендот: Мурдок Никалс, Расел Хобс, 2D и Нудл. Во следите недели на обожавателите ќе им бидат достапни сѐ повеќе содржини.

Корисниците на Македонски Телеком ќе можат да уживаат во музиката и содржините на Gorillaz сега со двојно повеќе или 8 GB интернет вклучени во Cool тарифата за млади во Smart постпејд и во Magenta 1. Оваа промотивна понуда е со ограничен временски период.

Покрај интервјуто и Lenz апликацијата, партнерството помеѓу Telekom Electronic Beats и Gorillaz исто така предвидува четири концерти во Варшава (14 јуни), Будимпешта (16 јуни) Катовице (18 јуни) и Келн (20 јуни).

Повеќе информации за концертите и билетите на: www.electronicbeats.net

Видете следно

trgovija4

Најголемиот дел од претпријатија му припаѓаат на секторот Трговија на големо и на мало

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, деловните субјекти, во рамките на структурните деловни …