Од СДСМ во ГРОМ, па повторно назад: Кој е Чедомир Саздовски?


Чедомир Саздовски беше независен пратеник, роден на 27.12.1952 во с.Неокази, Пробиштип. Тој е доктор по кинезиологија, каратист со највисок дан во каратето со неколку златни медаљи и меѓународни признанија.

Завршил факултет за физичка култура го завршил во Белград во 1978 година.Специјализирал на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2000 година. На истиот факултет магистрирал и докторирал.

Има објавено повеќе стручни и научни трудови и 2 книги. Од 1986 година е вработен на Факултетот за физичка култура – Скопје во Центарот за физичко образование и тој е Директор на Центарот за физичко образование и спорт.

Тој беше член на СДСМ пред да му се приклучи на Јакимовски пред локалните избори во 2013 година. Поранешниот близок соработник на првиот човек на ГРОМ Стефче Јакимовски, по нередите во Собранието на 27 април, кога се случи насилството врз пратениците го известува претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе работи како независен пратеник.

Тој е заменик претседател на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, член во комисијата за одбрана и безбедност, член во комисијата за образование, наука и спорт,
заменик-член во комисијата за локална самоуправа и делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), претседател во пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Исланд и Кралството Норвешка, член на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Големото Војводство Луксембург и пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска.

Саздовски синоќа стана член на Централниот одбор на СДСМ.

 


Видете следно

РЕАКЦИЈА НА ЗМСТАС: ПОДОБРО ЈАВНО ЗДРАВСТВО БЕЗ МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ?!

„Вложуваме во подобро јавно здравство. Целта е да обезбедиме подобри здравствени услуги.” – Унијата на …