13/12/2017
Svetski den na vidot

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВИДОТ

 Македонија го одбележа Светскиот ден на видот со спроведување бесплатни лекарски прегледи во Специјалната очна болница „Деница“. На овој начин, велат докторите, се подигнува свеста кај пациентите да се грижат за сопствениот вид и кај општеството да го подобри односот кон приватните болници кои овозможуваат поквалитетни услови за лекување.

„За жал, состојбата со очните болести во Македонија е критична. Проблемот со дијабетесот и моменталните кризи со инсулин, директно, влијаат на очните болести. Глаукомот, исто така, треба да се открива при секојдневни рутински прегледи. Очекуваме да се посвети поголемо внимание на операциите на задниот сегмент на окото и да се почитуваат стандардите согласно Протоколот за операции на катаракта“, рече д-р Наум Трпеноски од „Деница“.

Трпеноски потенцираше дека „Деница“ настојува да реши што е можно поголем број од проблемите со видот кај пациентите во Македонија.

„Очната болница Деница ги исполнува сите услови за простор, кадар и опрема. Во болницата работат 4 лекари, 8 медицински сестри, анестезиолог, фармацевт и административен персонал. Имаме простор кој ги исполнува сите специфични потреби – системи за чист воздух и агрегати за струја. Болницата Деница ги потполнува сите празнини кои постојат во здравството, воведуваме нови стандарди при операција на катаракта, а ќе работиме и со најчуствителните пациенти – децата“, објасни Трпеноски. 

Видете следно

FORD_2017_Mustang_Watch_03

Стари Мустанг возила станаа елементи во луксузни часовници

Многу компоненти од старите Ford Mustang возила наместо во отпад завршуваат во рачно изработени уникатни …