Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ


На 10 октомври 2017 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На седницата на Комитетот, постојната монетарна поставеност беше оценета како соодветна на тековните услови во економијата. Комитетот оцени дека најголем дел од показателите битни за монетарната политика не отстапуваат значајно од очекувањата, но сепак постојат пунктови каде што е потребна одредена внимателност. Во таа смисла, на седницата беше одлучено на аукцијата на благајнички записи којашто ќе се одржи на 12 октомври, да бидат понудени благајнички записи во износ од 25.000 милиони денари, на ниво на достасувањето од септемвриската аукција, по каматна стапка од 3,25%.

Во однос на конкретните економски показатели, по падот на економската активност на БДП во второто тримесечје, високофреквентите показатели за третиот квартал даваат различни сигнали. Поволни движења се забележуваат во градежниот сектор и трговијата, а воедно поволни се и сигналите коишто ги даваат и анкетните истражувања за економската доверба. Од друга страна, движењата во индустрискиот сектор се понеповолни во однос на вториот квартал. Сепак, расположливите високофреквентни податоци за третото тримесечје се ограничени, заради што тешко може да се формира прецизна оцена во поглед на динамиката на активоста во овој квартал. Во однос на проектираната патека до крајот на годината, пониските остварувања во првата половина од годината создаваат надолни ризици за проекцијата на БДП од 2,5% за цела 2017 година.

Видете следно

Македонската филхармонија ја почнува новата концертна сезона 2018/2019

На 27 септември (четврток) во 20 часот, ќе се случи свеченото отворање со концертот под …